ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

( Видео) Сте степале полицајци од Житоше во Кривогаштани

494

Ноќта саботата кон неделата (15-ти кон 16-ти април) во Кривогаштани, се случил инцидент во кој биле инволвирани полициски службеници.

На снимка од тепачката меѓу полицајци , која се случува на првиот ден на Велигден, пред угостителски објект во Кривогаштани, се гледаат двајца полицајци кои се тепаат, а трет пробува да ги раздели. Едниот од полицајците вриснува и се фаќа за пиштолот. Другиот пцуе, а потоа си заминува. Потоа едниот од полицајците влегува во сив „голф“. Во полицискиот извештај до медиумите стои:

На 16.04.2023 околу 04.45 часот пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, стои во информацијата од СВР Битола.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: