ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

КРУШЕВО:По седми пат викендов ќе се одржи „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“ (ВИДЕО + ФОТО)

"Летно нордиско скијање во Крушево"

238

Се е подготвено за традиционалната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“  која по седми пат викендов ќе се одржи во Крушево.Околу 50тина натпреварувачи од Казахстан , Грција , Бугарија , Македонија ќе настапат на ова “летно нордиско скијање” кое полека но сигурно како спорт се пробива и кај нас а истиот ќе се бодува.Стартот е закажан од подножјето на регионалниот пат Кривогаштани – Крушево а целта е кај Спомен куќата на Тоше Проески.Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА ни гостуваше Борче Јованоски , тренер во нордиско скијање при скијачката федерација , кој во овие натпреварувачки денови очекува на дело да ја види физичката подготвеност  на македонските нордијци кои беа дел и од последната  одржана олимпијада во Пекинг , Ставре Јада и Ана Цветаноска а  во исто време младите да ги гледаат и за нив тоа да биде предизвик,  за да можат да продолжат да го развиваат нордиското скијање  во иднина без разлика дали е во летен или зимски период.

Свеченото отворање на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“  е в петок (25 август) со почеток во 19:00 часот пред Спомен куќата на Тодор Проески. Поддржувачи на настанот се Агенција за млади и спорт, Меѓународна Скијачката Федерација и општина Крушево, а технички организатор е клубот “Ски Нордиски” од Крушево

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: