ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Министерот очекува 400, тутунарите бараат 600, по кои цени и дали ќе започне откупот?

1.133

На недела дена до законскиот рок за старт на тутунскиот откуп не е јасно дали ќе започне преземањето на актуелната реколта и по кои цени ќе се откупува. Понудата е половина од побаруваните количества на 10те откупни компании. Имено, според договорите 26 илјади тони ориентален тутун ќе очекуваат компаниите, но реално на терен има не повеќе од 14 илјади тони со одличен и далеку подобар квалитет од ланскиот. Ама тутунарите бараат цена која ќе биде реален одраз на сработеното: Сојузот на земјоделски здруженија (овластениот застапник на тутунарите) бара за 20% зголемени цени, а тутунарите од здруженијата од прилепско, битолско и радовишко бараат 600 денари просечна цена. Министерот пак очекувал 400 денари за тутун од највисока класа.        Сите очекуваат и бараат, а откупувачите мудро си молчат. На нивна страна е законот бидејќи договорите се потпишани и легитимни. Но на страната на тутунарите е пазарот. Ако на вагите нема тутун- нема ниту откуп,ако на вагите нема повереници -нема ниту откуп! Иако, за ова, ниту Сојузот не смее да ги поверениците да не се појават на вагите на 15 ти декември, а ниту тутунските здруженија не смеат да повикаат на организиран бојкот за непредавање на производството.

„За тоа дали се исплаќа да се предава за таа цена тутунот секој си одлучува за себе. Ние како здруженија не може да повикаме на целосен бојкот на предавање на тутунот затоа што тоа повлекува кривична одговорност. Но можеме да апелираме да не се предава тутун се’ до момент додека откупните фирми не извршат корекции на цените кои ќе бидат прифатливи за нас тутунопроизводителите. За таа цел и организиравме трибина во Прилеп и упативме писмено барање за средба со откупните фирми за корекција на овогодишните откупни цени. Факт е дека цените што се нудат во договорите не ја покриваат ни производната цена и дека годинава имаме драстичен недостиг на тутун кој е со одличен квалитет.Тоа мора да го почитуваат откупните фирми и да го откупат целото производство по реални откупни цени кои ќе бидат корегирани преку анекс на договорите. Нашиот став е јасно искажан за просечната откупна цена од 600 денари“, стои во соопштението од Националната мрежа на земјоделци после трибината во Прилеп, во кое појаснуваат дека бараат средби со откупувачите за постигнување на реални откупни цени.

Од Здружението Тутунска надеж претставникот Васко Јосифовски е јасен во која насока треба да се движат преговорите: АПЕЛ до регистрираните откупувачи на тутун и министерот за земјоделие. Најдете начин за гарантирана цена од 600 денари за кило тутун и веднаш почнете со откуп… Во спротивно, ставајте катанци на вашите простории…

Нема информации дали се одвиваат некакви преговори за корекции на откупните цени во договорите за кои треба да се приготват анекси (додатоци). Сите нешто очекуваат, бараат, а законот е јасен – 15 ти декември откупот мора да почне со отворање на регистрираните откупни пунктови, со проценители и повереници на вагите.

Дали тутунарите ќе бидат истрајни и трпеливи на повисоки цени од 300 ден за прва, 240 за втора и 180 за трета класа? Тоа зависи од нив самите поединечно и како еснаф. Зашто, и во оваа нефер кампања како и некои претходно, откупувачите се мудри и знаат дека времето е нивни соиграч. Основниот проблем е што тутунарите долги години се поимаат како социјална категорија, наместо да се вреднува, да се почитува нивниот труд, и со тоа во преговорите за цените тие да бидат рамноправни со откупувачите бидејќи се главните играчи. Ако нивните барања за повисоки цени во откупот не се испочитуваат, сигурно е дека до година не 14 илјади тони, нема да има ниту 4 илјади ориентален тутун!!! Рака на срце не само заради цените, младите, а и повозрасните заминуваат- најчесто во еден правец од Македонија!!!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: