ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Млад уметник со мал бизнис но со голема желба и љубов кон своите уникатни рачни изработки – Матеа Поповска (ВИДЕО+ФОТО)

Прилеп има уникатен млад уметник - Матеа Поповска

825

Прилепчанка , млада, уникатна на свој начин и со голема позитивна енергија , Матеа Поповска решителна во својата намера , она што го сака да го прави да го преточи во свои ремек дела за сечиј вкус.Накит од полимерна глина и мониста , сликарска платна , креативност , имагинација , сетоа тоа може да го најдете во нејзиниот Fufu`s Shop.Како што вели и самата за нашиот медиум , гостувајќи во отворената програма РАДИОШТОСЕГЛЕДА , треба човек да има желба и голема страст кон она што сака да го работи и успехот ќе дојде сам по себе , со трпение и надоградба во изработката на сите нејзини уникатни парчиња.

Матеа плени со својата појава а уште повеќе со својата позитивна енергија која ја шири брзо како и своите идеи на социјалните мрежи , првo нормално да се видат а потоа кој сака може и да си ги нарача за сите видови на прослави.Заинтересираните можат да се информираат  на Facebook профилот Fufu’s shop и Instagram fufu.shoppp, каде го има   и телефонски број и mail адреса за контакт со Матеа.

Со една ваква уметност , Матеа за краток период се исполнува себеси , но и ги прави среќни сите оние кои ќе го имаат задоволството да ги имаат крај себе овие уникатни парчиња кои со многу љубов ги изработува таа. А за сите вас во продолжение се запознаваме со младиот уметник и нејзиниот мал но сигурно во иднина и голем бизнис.Погледнете во видеото.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: