ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Можност прилепските ученици бесплано да го изучуваат кинескиот јазик и култура

992

Дел од прилепски основци и средношколци, како и наставници, оние кои имаат афинитети за изучување на јазици, доброволно , ќе имаат можност да го изучуваат кинескиот јазик, кинеската култура и обичаи.,велат од општина Прилеп кои деновиве имале средба и потпишале меморандум за соработка со  Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„  од Скопје, преку кој се израза подготвеност за взаемна помош и поддршка во користење на кадровските и стручните можности, од двете страни, за иучување на овој јазик и источната кинеска култура.

Претставници од Институтот за кинески јазик „Конфуциј“  на средба со директорите од основните и средните општински училишта, советникот за образование при ЛС,  со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески им ги пренесле можностите и идејата за едукативна и културана соработка.

„Соработката ќе се состои од помош и поддршка во изучувањето на кинескиот јазик, култура и обичаи. Дел од прилепски ученици и наставници кои сакаат да ги збогатат своите јазични знаења и да научат за источната  култура,  ќе можат да ја искористат оваа ретка можноста да се запознаат со поразличен јазик од европската група на јазици, со кој секојдневно се среќаваат, да дознаат повеќе за источната, кинеска култура и обичаии, а познавањето на странски јазик не е од штета- тоа е големо богатство за секој човек. Ние како општина при оваа соработка нудиме стручни и просторни можности, а нашата соработка ќе се одвива преку едукативни активности, организирање на културни настани, семинари, работилници во кои што ќе бидат вклучени нашите ученици и наставници од општински училишта. “ истакнал градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски

Дел од директорите ja пофалија оваа воспоставена соработка и  сметаат дека на овој начин учениците и наставниците, кои би добвиале можност бесплатно  да  го изучувааат овој јазик,  ќе имаат можност да се сткнат со нови можности и вештини, ако што се  традиционалните кинески вештини – калиграфија, уметничко обликување хартија и слично,што би придонело за креирање на нови вредности кај децата.

Курсевите кои ги овозможува институтот „Конфуциј“ се бесплатни и  не се наменети само за ученици од основно и средно образование, за студенти  и останати заинтересирани лица од сите возрасти, од индустријата и јавниот сектор. Претставниците на институтот информираа, дека во рамките на нивните активности, се реализираат и повеќе културни настани, кои имаат за цел интензивирање на комуникацијата, културната и научната соработка помеѓу граѓаните на НР Кина и Македонија.

Дека соработката со кинескиот народ е подолгорочна, говори и фактот што Општина Прилеп пред дестина години се збратими со кинескиот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, за остварување на економска соаботка. За време на пандемијата, од збратимениот кинески град општината доби донација од 200 заштитни одела како помош од кинескиот народ, а со кинеска донација од 300.000 евра, добиени од кинеската Влада, пред една деценија прилепското ООУ. “Гоце Делчев”, беше комплетно реновирано.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: