ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нападната медицинска сестра во прилепската болница, пожар на товарно возило, приведени тројца за дрога

420

Во изминатото деноноќие полицијата во Прилеп евидентирала три пријави:

На 03.01.2024 во 22.45 часот во ОВР Прилеп, М.Д.(56) од Прилеп пријавила дека околу 21.00 часот на  работното место како медицинска сестра во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, Љ.П. од Прилеп агресивно се однесувал кон неа и и’ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Комитска“ во Прилеп настанал пожар во паркирано товарно моторно возило „форд “ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на В.К.(41) од Прилеп. Пожарот е локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 04.01.2024 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35), О.М.(39) и Б.Е.(34), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај Б.Е. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: