ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)„Мрзливиот ќелеш и змијата“ иновативна радио драма во реализација на Театарска работилница Прилеп

267

Во продукција на Театарската работилница Прилеп, во соработка со НУЦК Марко Цепенков и Радио Пела се реализираше иновативна мултимедијална изведба на радио драмата „Мрзливиот ќелеш и змијата“ од Марко Цепенков во драматизација на Тихомир Јанчовски. За прв пат една радио драма беше изведена во живо во студиото на Радио Пела преку видео/аудио платформата на социјалната мрежа Фејсбук во програмата „Радио што се гледа“ при што паралелно се емитуваше преку конвенционалната фреквенција и интернет. Во радио драмата „Мрзливиот ќелеш и змијата“ настапуваат:

– Наратор –  Игор Трпчески;

– Ќелешот – Михаил Јорданоски;

– Змијата – Леона Митревска;

– Мајката – Ана Митоска;

– Царот – Филип Стојаноски;

– Цареа ќерка – Фросина Богеска;

– Комшијата – Гаврил Трпчески и

– Музички соработник,снимател на тон и монтажа – Томе Темелкоски.

Театарската работилница Прилеп од март 2023 та започна со реализација на проектот со објава на конкурс за учество во театарски работилници за драматизација и поставување на сцена на расказот „Мрзливиот ќелеш и змијата“ од Марко Цепенков, по што се одржаа повеќе работилници и проби за адаптација, драматизација,изготвување на сценографија, костими.

Проектот е работен со финансиска поддршка на министерство за култура како проект од национален интерес во културата на драмска – аматерска дејност за 2023г. Од Театарската работилница Прилеп упатуваат голема благодарност до НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп кои овозможија простор за работа на театарската аматерска група,  како и на: Андреј Димитриоски, Марија Јовеска, Стефан Петрески и Давид Ристески за учеството во работилниците како и на Бојана Артиновска Трпческа за идејното решение за сценографија и костими.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: