ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Научна академија за Георгија Кастриот – Искендер

359

Во Прилеп по втор пат за последниве 2 децении, денеска се одржа научна академија посветена на Георгија Кастриот – Искендер. Научниот собир беше во организација на Здружението „Басилеј“ и на Светскиот македонски конгрес. Првиот научен собир 2006 тата година бил по повод 600 години од раѓањето на Георгија Кастриот – Искендер. Согледувајќи ги актуелните случувања на Балканот, поводот за академијата е потсетување на научните факти и мирољубивост.

–  Културата и историјата на Балканот е заедничка затоа што сите сме биле делови од исти империи на овие простори. И токму поради тоа Георгија Кастриот – Искендер за Македонците е Македонец православен, за Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербеу е Албанец муслиман. Меѓутоа, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, штом претендираме кон исти датуми, настани и личности, тие треба повеќе да не’ обединуваат од колку да не’ разединуваат. И во тоа е големината на империјалното наследство кое е всадено во сите кои што живеат на овие простори. И затоа велиме дека културата и историјата на Македонија не е ексклузивно право, туку дел од историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија што основа е македонскиот етнос, и не зависи во разликите на читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. За нас е Македонец, меѓутоа ја почитуваме и волјата на Албанците кои сметаат дека Георгија Кастриот Искендер бил Албанец. Самите признаваат дека бил православен, погребан е во православна црква во Албанија, исто како што тврдат дека и тие се Македонци, бидејќи живеат на овие простори, рече Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, потенцирајќи дека на Балканот разликите во читањето на историјата треба повеќе да не’ обединуваат од колку да не’ разединуваат.

Милан Јовчески, претседател на Здружението „Басилеј“ и на канцеларијата за врски на СМК вели дека една ваква научна академија била повеќе од потребна со оглед на актуелните збиднувања.

– Со ова сакаме да иницираме и да кажеме или да потсетиме дека во 2006 та година не беше за ништо научната академија, туку сега ги бараме историските корени за тоа дека Георгија Кастриот Искендер е Македонец. Еминентни научници го потврдуваат овој факт, а научната академија е со добра намера да потсетиме на тоа, рече Јовчески.

Здружението „Басилеј“ најавува дека ќе продолжи со организација на вакви научни собири. Наредната година во април во Прилеп ќе се одржи втора научна академија за Македонецот Аристотел.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: