ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Посета на родната ќуќа на Конески по повод 101 година од неговото раѓање

281

Во организација на Локалната самоуправа Прилеп и НУ Завод и Музеј – Прилеп денес по повод роденденот на великанот Блаже Конески, беше положено свежо цвеќе во неговата родна спомен – куќа, а пригодна програма посветена на великанот имаа ученици од ООУ ,,Блаже Конески” и ООУ,,Гоце Делчев”од Прилеп.

За делото на Конески и значењето на спомен куќата на кодификаторот на современиот македоснки јазик Блаже Конески зборува преставниците од НУ Завод и Музеј – Прилеп, а градоначалникот на Прилеп посочи дека Конески не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик кој е како што рече  „Тој е нашата единствена татковина“.-  посочи  градоначалникот на Прилеп , Борче Јовчески при оваа прилика.

Родната куќа на Блаже Конески претставува значаен споменик на македонската културата и припаѓа на руралната архитектура, посочија претставниците од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп во рамките на краткото излагање поврзано со животот на Конески, а учениците пред присутните одржаа пригодна програма, Блаже Конески е  роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово. Тој е кодификаторот на македонскиот литературан јазик ,  македонски книжевеник, културен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет,

По повод годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, ООУ „Блаже Конески“  почит му одаде и го одбележа својот патрон празник со пригодна програма и учениците во прилепското училиштето кое го носи неговото име ООУ “Блаже Конески“,каде е поставена и бистата на македоснкиот книжевен великан.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: