ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николовски: Исплатени се 1,5 милијарда денари за субвенции за предаден тутун

435

На сметките на околу 14.300 тутунопрозводители денеска се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од близу 1,5 милијарда денари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за откупени вкупно 14.763 тона тутун произведен во 2023 година. Според министерот немало вишоци и немало неоткупен тутун.

Тутунопроизводителите за прв пат оваа година ќе може да пријават површини и да добијат субвенција покрај по килограм предадено производство, и по површина со што се стекнуваат и со правото да добијат и зелена нафта.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: