ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поголем дел од листите за пратеници потврдени од ДИК

58

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница (11 април)  ги потврди повеќето листи за пратеници поднесени од политичките партии и коалициите за претстојните парламентарни избори. Потврдени од  ДИК се листите поднесени од: коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ; „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ; „Европски фронт“ предводен од ДУИ; „Вреди“ на албанскиот опозициски блок; Движењето ЗНАМ; Левица; коалицијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра; партијата Македонска Ера Трета.

Сите тие имаат поднесено кандидатски листи за шесте изборни единици.

Некои од партиите, имале поднесено кандидатски листи за пет или помалку изборни единици како што се: партијата Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Според тоа Државната изборна комисија (ДИК)  целосно ги потврди листите за пратеници во Собранието на Македонија на 10 партии и коалиции со кои тие ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај. На други четири партии потврдени им се листите во дел од изборните единици, додека за преостанатите изборни единици во кои сакаат да се тркаат за идниот состав на Собранието рокот им е до утре за поднесување на дополнување и корекции.

За парламентарни избори, државата е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници – која партија колку мандати ќе добие во секоја изборна единица се пресметува според т.н. Донтов модел.

Парламентарните избори во Северна Македонија ќе се одржат на 8 мај. Тогаш ќе се гласа и во втор круг претседателски избори, додека првиот ќе се одржи на 24 април.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: