ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николовски: постигнат е договор за зголемување на цената со сите откупни компании

847

Денеска во просториите на Тутунскиот Комбинат  се одржа средба на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, претставници од сите регистрирани откупни компании и од Сојузот на земјоделски здруженија во врска со актуелниот откуп, но и за чекорите кои треба да бидат преземени за одржливост на тутунопроизводството.

По средбата Николовски информира дека е постигнат договор за зголемување на цената:

Денеска можеме да кажаме дека сите откупувачи кои што беа на состанокот, односно сите регистрирани откупувачи потврдија дека најдоцна до утрешниот ден до Сојузот, до Инспекторатот ќе ги испратат анексите со што се зголемува цената и на 365 денари. Значи не зборуваме за поединечни покачувања, на една или две компании туку начелна согласност добивме од сите дека до утрешниот ден, а треба да ги почекаме и одлуките кои ги имаат и одредени компании со оглед на тоа што бордовите на директори на управување се надвор од државата. Генералната слика е дека е за сите прифатливо цената од 365 денари, која што очекуваме просечна да биде постигната на оваа реколта. Очекуваме оваа цена, овие анекси кои што се направени да се однесуваат на целокупната откупена реколта и да не стане збор за дефинирање на некои додатоци кои што на друг начин ги сметаат и ги прават тутунопроизводителите, туку јасно договоравме тоа да биде цена која што ќе биде во анекс на договорите и која што ќе се однесува од самиот почеток на откупот на тутунот, рече Николовски.

Откупот завршува на 29 ти февруари, но како никогаш до сега се наметна потребата од измени во законската регулатива со што ќе се обезбеди одржливост на оваа земјоделска гранка и индустриски сектор:

Втора тема на која што зборувавме и на која се согласивме сите повторно, анализирајќи ја оваа реколта утврдивме дека е потребна итна измена на легислативата, односно на Законот за тутун. На 19 и 20 февруари повторно закажавме продолжување на овие средби кои што денеска ги имаме во Прилеп со проширен состав на потсекторската група каде ќе бидат отворени и темите за измени во Законот за тутун, предлозите кои што ги имаат откупувачите, Сојузот и останатите чинители во секторот се’ со цел навистина да направиме се’ за одржливост на производството на тутун кое што едно од најзначајните економски – земјоделски гранки во нашиот сектор и гранка од која што се обезбедува огромен девизен прилив, а егзистираат и огромен број на семејства од целата држава, посочи Николовски.

Во продолжение аудио материјал од прес конференцијата:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: