ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новите налепници со НМК ќе бидат бесплатни за граѓаните-ако ги немате до 12 февруари не ќе може да излезете од земјава со кола

1.408

Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, односно ќе  бидат на товар на МВР информираат од Министерството за внатрешни работи кои ја  информира јавноста дека одлуката веќе е  донесена  .

Налепниците со ознаката „NMK“ кои се облигарни заради Преспанскиот договор, нема да бидат на товар на граѓаните односно МВР одлучи дека ќе бидат на нивни трошок. Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, треба заклучно со 12 февруари да ги заменат со новиот код НМК.

Граѓаните имаат опција или да ги заменат целосно регистарските таблици, кои ги има во станиците за технички преглед каде се прави регистрација на возилата, или да стават само налепница. До денеска во ниту една станица за технички преглед немаше налепници со „НМК“.

Без налепница „НМК“ после 12 февруари не ќе може да се излезе од земјава со кола.

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистарски таблички и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: