ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сеќавање на прилепската актерска легенда Благоја Спиркоски-Џумерко роден на денешен ден

1.127

На денешен ден 6 февруари 1946 година во Прилеп  е роден Благоја Спиркоски-Џумерко. Неговиот лик вечно ќе остане врежан кај прилепчани кои го паметат како човек кој ја сакаше старата прилепска чаршија и го отсликуваше преку хморот и мајтапот секојдневието. Џумерко беше еден од најдобрите македонски театарски и филмски глумец кој задсебе остави незаборавно актерско творештво.

Прилепчани го паметат по неговиот мајтап, хумор и сатира со кои ја отсликуваше реалната слика во општвеното-политичко живеење. Тој беше синоним за актерска популарност и омиленост кај публиката,  особено во Прилеп, пред се со неговиот богата актерска индивидуалност во креирање на улогите, со харизматичност и  осет за комичните нијански кои ги крираше во неговите ролји.  Тој важи и за вонсериски талент со специфични актерски одлики кои несомнено придонесоа за неговото високо реноме на што се должи и неговата ангажираност во сложени сценски задачи.

Џумерко беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање.  Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо, во ТВ-драмата „Солунски патрдии“ . Освен на матичната сцена често , гостувал и на сцените во Битола, Куманово, Штип, Велес, Струмица…

Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Добитник е на голем број на награди и признанија:

Награда “Ристо Шишков”
Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
Награда 3-ти ноември
2006 – Награда „Петре Прличко“
Носител на награда за животно дело “Војдан Чернодрински” 2011 година

Почина на 69 годишна возраст , во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: