ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК Прилеп со нови засилувања за пролетниот дел в сабота

122

Екипата на Прилеп за вториот дел од сезоната ќе може да смета на ракометарот од Бразил, Ерик Андраде, кој игра на позицијата лев и среден бек.  Во тимот на РК Прилеп ,како ново засилуваење е и Ангелче Органџиев ( Тиквеш). Покрај нив, прилепечани планираа да доведат уште десен бек, пивот и голман, но екипата засега е со стадардната постава, бидјеќи за пет дена РК Прилеп ја почнува битката за опстанок во Суперлигата, со дуелот дома против Скопје.

Прилеп ќе се бори во плеј-аут фазата и ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус за наредната сезона.  Прв ривал на Прилеп  е Скопје, потоа следуваат дуелите со Голден Арт, Мулти Есенс, Аеродром, Куманово..

Натпреварот Прилеп – Скопје е закажан за в сабота, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

За фазата плеј-аут, прилепскиот тим одигра три пријателски натпревари во подготвителниот дел. Првиот беше  во Лесковац со Дубочица, кој го добија домашните со 31-24. Потоа беа одиграни два натпревари со кавадаречки Тиквеш. Првиот, во Кавадарци, Тиквеш го доби со 30-25, а на вториот, во Прилеп, кавадаречкиот тим повторно беше поуспешен со 26-33.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: