ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пелагонискиот регион понуди 350 работни места за студентите и идните академски граѓани

388

На Економскиот факултет во Прилеп, со  универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, се одржа манифестацијата „Отворен ден“ –  УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – СОРАБОТКАТА НА ДЕЛО, замислена за зацврстува на соработката меѓу академската заедница, бизнис секторот и локалните самоуправи за поквалитетен локален економски развој. Неколку компании од Пелагонискиот регион денеска се преставија пред студените и понудија 350 работни места за идните академски граѓани.

Престседателката на Регионалната Стопанска Комора Прилеп , Ирена Јкимовска посочи дека е потребоно преструктуирање на работната сила што ја нуди академската заедница за да одговара на потребите на пазарот на трудот.

– Не е во прашање недостигот од работна сили, туку од соодветна која ја бара пазарот на трудот. Ние сите, вклучувајќи ги и јавните институции треба да креираме општество и образование кои нудат работна сила која одговара на потребите на приватниот сектор. Но не е загубено, заедно со образованието, што е и причина што сме сите на економскиот факултет, можеме да направиме преструктуирање на потенцијалната работна сила за потребите на приватниот сектор во овој момент. Тоа може да се работи само со взаена соработка, изјави Ирена Јакимовска, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.

Неодамна универзитетот „Свети Климент Охридски ги промени актите за да може стручњаци од практиката да изведуваат практична настава и вежби на Универзитетот.

– Високото образование е базично и секоја компанија има потреба од образовен кадар. Затоа студените е подобро да добијат базични и праткични знаења. Наскоро ќе излеземе со повик до бизнисите. Тие ќе може да испраќаат свои кадри да бидат избрани за држење практична настава, да го надминеме овој јаз и студентите да имаат доволно практична настава и знаења.“ рече Игор Неделковски, ректор на УКЛО.

Студените ја потврдија важноста од практичната работа во јавниот и приватниот сектор за нивно целосно вклучување во бизнис заедницата.

„Праксата ја изведува во училиште. Важно е нашата теорија, тоа што сме го учеле да го примениме, вели Стефани Цеуноска од Педагошкиот факултет-Битола

„Ова лето  пракста ја изведував во приватна компанија. Се запознав како е да работам со клиенти, како е да се работи на вистински проекти, какое  да комуницираш со твоите колети  и тоа  мене ме исполни. Првенствено размислував дека тука немам никакви шанси и дека треба да заминам во странство, но после праксата моите видувања се изменија, вели  Софи Гајтановска , студент на  факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола .

Во оваа манифестација се вклучени и невладините организции кои понудија целосна соработка и открија низа информации .

-Македонија диши на жабри. Крајно време е да преземеме активност кон спречување на оливот на  високообразовни кадри надвор од државата. Според податоците од Светска банка од 2019 државата ја напуштиле 1/4 млади луѓе или над 500 илијади млади ,што е врапантен податок и што треба сите да не’ замисли.   Потребна е поголема вклученост на сите фактори во креирањето на јавните политки,уписните политики. Да се креираат академските политки според потребата на бизнис секторот заошто денес, како никогаш досега компаниите имаат проблем со наоѓање работна сила и вакви настани се многу значајни за вмрежување, за спојување на едно место и на академската, и на бизнис заедницата и јавниот сектор,вели Дања Димовска Микаровска,ЦОСЕ-Прилеп

Денеска се потпиша и меморандум за соработка меѓу општина Пирлеп и универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

„Официјално го зацврстуваме нашето партнерство со потпишување на Меморандум за соработка каде се обврзуваме заедно да работиме во насока на подобрување на претприемништвото, образованието, науката и истражувањето, со цел да создадеме можности за развој на човечкиот потенцијал и градење на локална заедница каде човекот ќе биде приматот за успех на заедницата и нејзината стабилност„- истакна градоначалникот на Прилеп,Борче Јовчески при оваа средба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: