ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поради голем дефект на пумпната станица, Крушево втор ден без вода

177

Веќе втор ден голем дел од градот Крушево е без вода, по невремето кое што ја зафати општината во неделата. По прекинот во водоснабдувањето во текот на ноќта, прекин на водоснабдувањето ќе има и денеска од 10 часот, па се до 16 часот на следните делови од градот:  центарот на Крушево, улиците Нико Доага, Коча Миленку, Партизанска, Питу Гули и Манчу Матак.

Како што информираат од ЈКП Комуна Крушево и Општина Крушево станува збор за голем дефект на пумпната станица во Норово, каде екипи на јавното комунално претпријатие втор ден работат на отстранување проблемот по невремето пропратено со грмотевици.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: