ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По повод 3-ти Ноември награда за животно дела за тројца еминентни прилепчани

516

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ги објави наградите и признанија по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.  Наградата за животно дело, по повод „3 Ноември“, , на свечена седница ќе им биде доделена на академик д-р Валентин Мирчески за особен придонес во природно-математички и биотехнички науки, на примариус специјалист д-р Благоја Дамески за особен придонес во медицината и опшественото живеење и на Диме Попоски за придонесот во музиката, режијата и филмот.

Награди-плакети по повод „3 Ноември“ се доделени на групата The Hounds – за петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија, на општествено одговорната компанија Гентерм, на младинска екипа на фудбалскиот клуб Победа за афирмација на спортот во Европа, на Територијална противпожарна единица Прилеп за натчовечките напори за зашитита на населението и околината, на Технобен Нова Прилеп за развивање на современи треднови во индустријата, на слаткарница „Шар” по повод 60 години јубилеј, на ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп за хуманитарно работење во својата дејност, на група верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовната врска и на пчеларското здружение „Братство” за 70 години јубилеј.

Со наградата диплома „3 Ноември“  ќе се закитат ученикот Петар Мирчески за освоениот бронзен медал на хемиската олимпијада, д-р Наде Караџоска за истражувачката дејност во сите области на библиотекарството, Теодора Димеска за постигнати резултати како женски репрезентативец на Македонија во џудо, Татјана Иваноска, професор за посветено работење со млади уметници, Хари Сековски – хуманитарец од дијаспората и Елизабета Настеска за совесно работење во медицинската дејност.

Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница, на 3ти ноември на Денот на ослободувањето на Прилеп од фашизмот, 3ти ноември 1944 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: