ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Младите од општина Кривогаштани бараат Локален младински совет

352

Младите од општина Кривогаштани денеска спроведоа акција со која повикаа на ИТНА заложба за формирање на локален младински совет. Со тоа тие испратија порака дека е потребно младинско учество во пракса, а не само на хартија и дека постоењето на младински совет еправо, а не привилегија.

Акцијата беше поттикната од млади од општина Кривогаштани кои беа дел од работилницата за младински креативен активизам во Велес организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддршка дадоа голем број млади лица од општина Кривогаштани. Иницијативата има за цел да овозможи учество на младите во процесите на носење одлуки кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена активност во подобрување на животот во локалната заедница.

Со формирање на Локалниот младински совет во општината младите добиваат загарантиран канал за комуникација со локалните власти, се осигуруваат дека ќе се слушне нивниот глас и активно се вклучуваат во развој на локалната заедница од перспектива на младите и идните генерации.

Локалните креативни акции предводени од млади се организирани во рамките на проектот  „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка” поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: