ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Премиера на „Аудиција“ во прилепскиот театар, прва од годинешната програма

189

Во НТ „Војдан Чернодрински“ Прилеп утре вечер, сабота, 20 ти мај,  од 20 часот е премиерата на првата претстава од годинашнава програма на театарот. Ќе биде изведена претставата „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин. Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.

-Би рекол, дека во овој момент ова е најактуелната пиеса во која можеме да се препознаеме и што сѐ правиме работите да ги влошуваме и младите, а не само тие, да заминат одовде. Кога го направивме преводот, го ставивме поднасловот – горчлива комедија. Галин создава текстови кои „болат“. Ние истовремено се смееме и плачеме. Нашава претстава става јасни маркери каде се случува – во Македонија. Многу ми е драго што работев со ансамблот на прилепскиот театар, рече режисерот Милчин на денешната прес – конференција, додавајќи дека секогаш со задоволство ќе ја памети .

Во претставата играат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицевска – Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Превод на текстот направила Сузана Киранџиска, изборот на музиката е на Ема Маркоска Милчин и на Владимир Милчин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимите на Марија Папуческа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: