ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска ортопедија одбележува половина век постоење

1.234

Ортопедско трауматолошкото одделение во Прилеп одбележува 50 години постоење. Др Борис Иваноски заедно со тогашниот хирург Христо Зојчески  и др Трајче Башески кој што бил максилофацијален хирург, поттикнати и со одобрение на тогашниот директор на Медицинскиот центар Милан Гаврилоски го основале ортопедско трауматолошкото одделение кај старата  болница во првата барака во далечната 1972 година. Иако во  системот  на здравствена заштита Општата болница со ортопедското одделение во Прилеп е на 4 то ниво,  ни од далеку не е така во реалноста вели специјалист др Илија Јованоски, началник на одделението.

– Има недостиг од лекари, има 4 специјалисти, од кои што 2 за неколку месеци заминуваме во пензија. Остануваат 2 лекари, и има 4 специјализанти, за кои се надевам дека ќе продолжат со истотото темпо и жар на работа како и досега. Од апаратурата која што ја имаме сме задоволни и инстументариумот што го поседуваме. Работиме на сите видови протетика, сите видови вештачки колкови, артроскопија на коленото што е највисоко ниво во земјава што се прави. Морам да напоменам дека имаме магнетна резонанца што е многу битна опрема во нашата струка и најдобра метода, вели Јованоски.

Во изминативе 50 години, на ортопедско одделение работеле 18 специјалисти, кои на годишно ниво правеле од 20 до 25 илјади прегледи, од кои 11 илјади новопрегледани, 9 илјади контроли и 4 илјади ехо прегледи на колкови.  Воедно, на прилепска ортопедија годишно се прават 480 до 550 операции, се санираат фрактури и исчашувања од 650 до 700 и околу 1 500 разни други интервенции.

– Оваа година првите 9 месеци работиме двајца специјалисти кои што оперираме, другите двајца работат амбулантски прегледи. Имаме направено 66 протези на колкови и 400 операции од почетокот на годинава. Ова е голема бројка и навистина ретко која здравствена институција ја достигнува во земјава, додава Јованоски.

Годинава се навршува уште еден јубилеј – 25 години од кога др Илија Јованоски започна со артроскопија на колено, што беше пионерски чекор во Македонија, додека пак 2000 та година била направена артроскопска операција на преден вкрстен лигамент. Први во Македонија во 1989 година на прилепска ортопедија се правеле ехо сонографија на колкови на деца од др. Трајче Бошкоски со ултра звук.

На денешното одбележување се одржа и стручен симпозиум на кој што се претставија прилепските ортопеди.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: