ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот адет „Амкање“ го најавува запостувањето

205

На вториот ден од карневалската традиција во Прилеп, на платото кај Градската саат кула денеска беше претставен адетот по кој што се одликува градот поврзан со големиот православен празник „Велики Поклади – Прочка“. Здружението Преродба  на  автентичен начин го долови значењето на обичајот „Амкање“ кој што единствено за Прочка се изведува традиционално во Прилеп. Варено јајце со лушпа, се врзува за конец и сукало. Јајцето виси на конецот, а оној што ќе го земе со устата, ќе го лапне, се верува дека ќе го следи среќа целата година.

Лилјана Ѓорѓиеска од Здружението „Преродба“ вели дека  „Амкањето“ е радост за децата:

„ Најстариот член од семејството, на сукало врзува јајце и го врви на устињата на дечињата, па она што ќе го касне јајцето, ќе биде среќно во целата година. Меѓутоа, симболиката, онаа нашата традициска е пред запостувањето, пред „запокладувањето“ во последната вечер од „Прочка“ да се каснува бело јајце со што всушност и запостуваме и ја затвораме устата, односно постиме се’ до Велигден кога пак се омрсуваме со јајце, меѓутоа со црвено, велигденско“, вели Ѓорѓиеска.

Суштината на овој адет е поврзана со велигденскиот пост кој започнува на чист понеделник, веднаш по Прочка. Затоа во последната недела, на последното јадење, на вечерата се „запокладува“ со јајце и со сирење.

Карневалските настани продолжуваат утре, недела на самиот празник „Проштени поклади – Прочка“ кога од пладне, од 12 часот, започнува карневалското дефиле со претставување со музика и посебна кореографија на повеќе од 500 маскирани учесници, групирани во над 20 групни и поединечни маски. Гости ќе има и од: Кавадарци, Пробиштип, Мокриево, Куратица, Берово, Сопот, Струмица и од други градови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: