ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани Стара Нова Година ќе ја слават заедно кај саатот

232

Прилепчани, в петок на 13ти јануари, заедно, пред платото на Саат кулата во Прилеп, ќе ја прослават Василица или позната како Стара Нова Година. Според православниoт обичај, на овој ден се „бара“ паричка во бурек или пита,  поради симболиката, во чест на мудроста на епископот Василиј Велики, кој им разделил лепчиња со парички на сите семејства во градот Кесариија, за да ги заштити од среброљубивиот Јулијан, кој сакал да го собере арчот од населението.

Затоа на празникот во чест на Св. Василиј се става паричка на среќата и се смета дека оној што ќе ја пронајде ќе биде среќен во текот на целата година.

Минатогодишно (2022) заедничко славење на празникот Василица во Прилеп

 

На манифестацијата што Прилеп ја организра на овој ден „На Василица  во Прилеп 2023„ по втор пат, за колективно празнување на традицијата, се поканети сите граѓани, кои на плоштадот, пред Саатот ќе добијат топол чај, греано вино и  бурек. Оној што ќе ја пронајде паричката на среќата во еден од буреците кои ќе им се делат на присутните, од градскиот „татко„  ќе добие пригодна награда.  Манифестацијата започнува во 11,оо часот, а предвидено е да бидат поделни над 400 буреци.

Празникот Василица е дел од прилепската традиција, каде некои од семејствата го празнуваат како домашна слава, некои како именден, а традиционално, сите правослани христијански семејства, вечерта на 13ти јануари,  покрај богатата вечерна трпеза вртат бурек со паричкава и веруваат дека на онај што ќе му се падне паричката, ќе биде среќен во текот на целата година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: