ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп планира задолжување од 5 милиони евра со општинска обврзница (Видео)

259

Општина Прилеп планира да се задолжи 5 милиони евра со општинска обврзница. За таа цел денеска се одржа јавна трибина на која, пред граѓаните, советниците, раководители на јавни претпријатија, стопанственици и претставници од месни заедници, беа презентирани проектите за кои, општината би се задолжила, а беше презентирана постапката и потребата од издавање на општинска обврзница, како и начинот на финасирање и отплата на обврзницата.

 

 

„Како општина, според извештајот на УНДП, сме една од 10-те најуспешни општини која правилно финансиски ги распределува средствата. Имаме огромни долгови затекнато од претходно и ги исплаќаме ратите. Станува збор за вкупен долг кој го исплаќаме од околу 70 милиони денари кој годишно го исплаќаме. Имаме и проекти кои ги финансираме од буџетот. Овие се проекти кои чинат повеќе и вреди да се задолжиме, посочи градоначалникот Борче Јовчески.

Понудени се четири проекти: три од инфраструктурата и еден за производство на електрична енергија преку обновливи извори, со поставување фотоволтаици на објекти кои се во општинска сопственост.

„Четирите проекти се капитални: кружен тек во градот во месноста Табана, целокупна инфраструктура на улицата „Победа“ кај Типската населба, инфраструктурно уредување на влезот Прилеп- Македонски Брод и поставување фотоволтаични панели на сите основни и средни училишта. Првите три инфраструктурни проекти го означуваат развојот на Прилеп и граѓаните ќе добијат подобра инфраструктурна комуникација, а со фотоволтаичните панели, во склад со условите кои ги наметнува светското стопанство, обезбедуваме производство на електрична енергија и искористување на обновливите извори на енергија, истакна Бранко Нешкоски, раководител на сектор урбанизам при ЛС Прилеп.

Одговорот за тоа – дали Прилеп има капацитет да се задолжува за реализација на вакви проекти го има одделението за финансии при локалната самоуправа, од каде тврдат дека општината како една од најголемите 5 во Македонија има капацитет да отплаќа и рати на каматата и да го плати главниот долг по 7 години по задолжувањето. Сепак главниот збор го има Министерството за финансии од каде треба да се добие „зелено светло“ за една ваква општинска обврзница, за што општинските служби се оптимисти по ова прашање.

„Мислиме дека Министерството за финансии нема да ни направи проблеми, зашто ние се задолжуваме со обврзницата во рамките на можностите на буџетот. Согласно Законот за финансирање на локалната самоуправа, општина Прилеп може да се задолжи во висина на остварените тековно-оперативни приходи на основниот буџет од претходната година. Инаку, тековно-оперативните приходи на основниот буџет за 2022 година остварени се во износ од 366 милиони денари и тоа е оној горен лимит со кој Општината може да се задолжи од 6 милиони евра. Ние не земаме 6, туку 5 милиони евра преку обврзницата. Финансирањето преку обврзници сметаме дека во наредните години ќе не релаксира да инвестираме во други капитални проекти, објаснува Ѕвездакоски.

Во секој случај, општинската обврзницата не е новина на македонскиот пазар за хартии од вредност, иако досега не се покажа за востановена практика. Општина Штип имаше два обиди за издавање на општинска обврзница, а ваков вид на задолжување кај деловните субјекти и граѓаните најави и Бутел, додека  општините Аеродром и Гази баба веќе се реализираат овие општински обврзници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: