ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пример за почит: Kaj газда Мине во Десово лебот е бесплатен за месецот Рамазан

550

Верниците од исламска вероисповед  го започнуваат рамазанскиот пости , за големиот исламски празник Рамазан Бајрам. Во текот на Рамазан, муслиманите настојуваат да ја заврстат својата духовност и поврзаност со Алах. Тоа го прават низ молитви и рецитирање од Куранот, трудејќи се своите постапки да ги прават свесно и несебично, притоа воздржувајќи се од озборувања, лаги и расправии. Обичај од петте столбови на Рамазан е дарувањето во хуманитарни цели.

Газда Мине Рамовиќ, од село Десово, како добар верник го знае тоа, па затоа во месецот на Рамазан во неговиот маркет “Табако”, лебот е бесплатен за сите, и тоа во неограничени количини. За таа цел сопствениците обезбедиле спонзори за секој ден до празникот Рамазан, па жителите од ова населено место можат бесплатно да ја подигнат оваа најнеопходна намирница.

Секоја чест за Рaмовиќ и нека служи за пример за сите стопанственици, газди на маркети…од сите религии!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: