ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп минатата година престанале да работат 174 фирми

1.549

Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми, покажува анализата на порталот „Пари“,а во Прилеп згаснале 174 фирми.  Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. Следуваат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182. Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се уште пет македонски градови: Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133 и Велес 110.

Бројка, на затворени фрими мината година сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: