ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, пиштол, пари.. – полицијата лиши од слобода лице од Прилеп и Долнени

381
Вчера (16.04 2024) во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информира СВР Битола

Предходниот ден (15.04.2024,)  полициски службеници од ОВР Крушево, го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави, информира СВР Битола
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: