ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Работат, а џебовите празни- работниците во Македонија примаат плата под минималецот

798

Работат, а џебовите празни! Работниците примарт плата под прагот на минималецот.  Просекот го креваат оние помалубројните со екстремно високи плати за македонски услови – пишува порталот pari.com.mk , пренсувајќи ја информацијата во бројки !

Статистиката покажа дека просечната плата во ноември се намалила за речиси 500 денари во однос на октомври. Дотогаш беше во постојан раст. Без оглед на прикажаниот пад, економистите сметаат дека сликата не е реална, затоа што просекот го креваат оние помалубројните со екстремно високи плати за македонски услови

Со 19.957 денари (324 евра), вработените во заштитни и истражни дејности се на самото дно од статистичката листа на просечно исплатени плати во ноември. Не само во секторот административни и помошни услужни дејности каде што припаѓаат, а кој е со просек 30.399 денари (493 евра), туку воопшто. И се единствените кои се под прагот на утврдениот минималец од 20.175 денари.

Не е многу подобра состојбата во преработувачката индустрија, чиј општ просек на плата за ноември е 33.470 денари (543 евра). Тука најниски се платите на кожарите – 24.789 денари (402 евра) и на текстилците – 25.438 денари (413 евра). Но, не се далеку од нив вработените што се занимаваат со производство на кокс и рафинирани нафтени производи – 25.803 денари (419 евра), како и со преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал – 27.110 денари (440 евра).

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК https://pari.com.mk/rabotat-a-dzebovite-prazni-rabotnici/

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: