ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Топлото време неповолно за развојот на земјоделските култури

65

Високите температури со натпросечни вредности што ја зафатија земјава, не се поволни за земјоделството. Агрометеоролозите велат дека топлото време, невообичаено за овој период од годината, може да го забрза развојот на растенијата, но и да предизвика нарушување на водниот баланс, што, пак, може да доведе до воден дефицит и сушење.

Затоа, советуваат, земјоделците да посветат поголемо внимание на наводнувањето и да продолжат со другите агротехнички мерки.

-Ако временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки како пролетната обработка на почвата, уништувањето на плевелите, ѓубрењето, подготовката на почвата за сеидба на раните пролетни култури, садењето одредени раноградинарски култури, заштитата на овошните видови од појава и развој на болести и штетници, апелираат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, високите температури ја зголемуваат транспирацијата (испартувањето), што доведува до поголема потрошувачка на вода.

-Топлото време во овој период од годината е невообичаено и неповолно за земјоделските култури.

Изминатава недела беа достигнати натпросечни вредности на температурата на воздухот, кои не се карактеристични за овој период.

Порастот на температурата на воздухот може да го забрза темпото на развој на растенијата и времето на настапување на фенолошките фази. Високите температури ја зголемуваат транспирацијата и евапотранспирацијата што доведува до поголема потрошувачка на вода.

Растенијата губат повеќе вода преку транспирација отколку што нивниот коренов систем може да прими вода од почвата. Тоа може да предизвика нарушување на водниот баланс во растението, т. е. појавата на воден дефицит и суша.

УХМР најавува дека од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Извор: МИА

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: