ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Три прилепчанки во македонската женска фудбалска репрезентација за евро квалификациите (ФОТО)

повикани три фудбалерки од Цевитана

876

Прилепчанката Катерина Милеска која е селектор на македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години го објави списокот на фудбалерки кои ќе настапат на европските квалификации во рамките на првата рунда од Б – Лигата.Меѓу повиканите се и три фудбалерки од прилепскиот клуб Цевитана, Јована Каралиоска (среден ред) , Ана Боризоска (напад) и Надица Трендова (среден ред).

Македонската женска селекција во периодот од 3 до 10 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во групата Б1 и за противници ќе ги има репрезентациите на Грузија ,Ерменија и Косово.Квалификацискиот турнир за пласман во Лигата А ќе се одржи во Косово. На самиот старт на квалификацискиот турнир отвораме со Грузија. Натпреварот ќе се одигра на 3 октомври. Во рамките на второто коло играме против Ерменија. Натпреварот на програмата е на 6 октомври. Три дена подоцна, во последното коло, силите ќе ги одмери против домаќинот, селекцијата на Косово.За овие квалификација селекторот Милеска интензивно работи со своите избранички а на тренинзите присуствува и екс селекторот на женската репрезентација на САД , Влатко Андоновски кој е ментор на нашиот селектор Катерина Милеска.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: