ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Убавите жени“, поетско пладне посветено на Блаже Конески во Градската библиотека

251

Како дел од серијата настани за промоција на македонскиот јазик и култура, денеска на пладне во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа поетско пладне со поезијата на Блаже Конески насловено според една од неговите најубави песни „Убавите жени“.

Тоа беше несекојдневно емотивна и пријатна дружба на вљубениците на делото на безвременскиот Конески чиј што поетски и раскажувачки опус оживеа преку интерпретацијата на прилепските актери од Народниот театар Војдан Чернодриски.

На средбата присустуваа и ученици од Основното училиште „Кочо Рацин“ кои што и активно се вклучија интерпертирајќи песни од Блаже Конески.

Поетското пладне посветено на творечкиот опус Блаже Конески можеби во иднина ќе биде поттик за во иднина да прерасне во редовна активност со која што оваа институција, заедно со прилепскиот театар, училиштата да се овозможи континуирано негување на македонската литература и култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: