ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Че биди жустро” – до крајот на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ФОТО)

До крај вистинска битка за првите три места !!

517

Во тек се натпреварите на светиниколскиот турнир во мал фудбал.Веќе се играат натпреварите по групи а сигурно до крајот на овогодинешното издание на мајсторите на малиот фудбал публиката ќе гледа “жустри” натпревари.Познато е дека во нокаут фазата вкрстуваат екипите од А1  и Б2 , Ц1 и Д2 , Е1 и Ф2 , Г1 и Х2 , Б1 и А2 , Д1 и Ц2 , Ф1 и Е2 , Х1 и Г2.

Покрај рекреативци , аматери , во екипите има и професионалци од прволигашките клубови а секогаш голем интерес привлекуваат и пресметките на помладите особено кога ќе се дојде до крајот , до дуелите кои ќе одлучуваат и за најдобриот во младинска конкуренција. Да потсетиме дека вредни се наградите за најдобрите кои ги обезбедува организаторот на турнирот и тоа 240 000 за првото место , 120 000 за второ и 60 000 за третото место.Во продолжение и моменталната статистика по групи.

Сите љубители на малиот фудбал натпреварите годинава ги следат во салата од ООУ Добре Јованоски а секако за оние кои нема да можат да ги следат дуелите во нокаут фазата ќе можат истите да ги гледаат и на live stream откако ќе заврши разигрувањето по групи.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: