ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Љупчо Перканоски постхумно доби признание за трајни вредности од Сојузот на здруженија на дијабетичари

2.934

За континуираната поддршка во работата на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, прерано починатиот Љупчо Перканоски постхумно доби Златна благодарница за „Трајни вредности во превенција од Dijabetes Miletus и компликации од дијабетес“.  Неговото посветено внимание преку донаторска поддршка која ја даваше за помош во дејствувањето на Сојузот и на поединци беше препознато од оваа национална организација. Благодарница доби и компанијата Автоконтрол за „Трајни вредности во воспоставувањето на трајни вредности за превенција од дијабетес“ која Љупчо ја предводеше заедно со својата сопруга Даниела Перканоска.

Љупчо Перканоски и самиот боледуваше од дијабетес, а преку поддршката кон Сојузот и поединци на кои им требаше помош во борбата со оваа болест несебично ги помагаше напорите за подигнување на свеста за превенција и лекување.

„Ќе ми беше мило доколку тој ја подигнеше благодарницата бидејќи и самиот тој се соочуваше со дијабетот. Вие кои успеавте да го запознаете сигурно знаете за каква личност станува збор, а за останатите Љупчо помагаше секаде, a посебно за дијабетот, остави многу дела од кои што зрачеше и сеуште зрачи неговиот дух. Жал ми е што прерано го изгубивме, рече Даниела Перканоска.

Во знак на благодарност на настанот во организиција на Сојузот на здруженија на дијабетичари на кој што присуствуваа претставници од сите 23 здруженија на дијабетичари од 21 општина во Македонија беа врачени на 40 тина индивидуалци и компании за нивното посветено внимание и покажана општествена одговорност.

Одбележувањето на Светскиoт ден на дијабетесoт 14 Ноември, оваа година е со мотото „Соочени со предизвиците на Дијабетесот во Македонија – дејствуваме пред да стане непоправливо“. Нивното посветено внимание и покажана општествена одговорност, како индивидуални и корпоративни вредности и посветени на донаторска поддршка и помош во тежок период, во битка со минути на непредвидливи компликации од гликемијата, ја подвлече и докажа, партнерската страна за важноста од дејствување за да не стане непоправливо, посочи Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија е граѓанска организација чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис, едукација на нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот, во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: