ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

10 години клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“

176

Вечерва , Фото кино клубот „Прилеп“ во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп  ја отвори 10-та јубилејна клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“,на која посетителите погледанаа 60 уметнчки фотографии изработени од членовите на клубот.

Изложбата ја отоври градоначалникот на Прилеп,Борче Јовчески кој нагласи дека Локалната самоуправа ќе продолжи да помага и да го поддржува Клубот во идните планови и проекти, “ со цел заедно да допринесеме во афирмација на сите, а особено на младите фотографи од нашиот град.“

„Вечерва со разгледувањето на оваа изложба, всушност гледаме работата на фото-кино клубот, гледаме низ објективот на неговите членови. Целта на нашиот клуб е понатаму да ја развиваме љубовта кон фотографијата и кино уметноста и се надеваме дека овие млади автори и во иднина ќе го претставуваат Прилеп во најдобро можно светло„- рече претседателот на Фото клубот Прилеп, Сашо Попоски.

Изложбата и оваа годинава е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2022 година. Целта е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на фотографија.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: