ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

17 март, Ден на крводарителството: Крвта како лек е сè уште незаменлива

178

На 17 март, денот на основањето на Црвен крст на Република Македонија, се одбележува и Денот на крводарителството. По тој повод, Денот на крводарителството во Македонија, 17-ти март, Општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, организираше крводарителска акција. Акцијата се одвиваше од 09:00 до 14:00 часот, во просториите на Општина Прилеп, а беа доделени благодарници и признанија.

Инаку, крвта како лек е сè уште незаменлива и нејзиното добивање исклучиво зависи од добрата волја на луѓето крводарители, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв. Доброволното крводарителство во Република Македонија има за цел да се мотивираат што поголем број на луѓе кои  доброволно ќе даруваат крв за да може да се соберат потребните количини на крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните и придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: