CSS Template

Големо невреме во Канатларци, уништeно земјоделското производство (ГАЛЕРИЈА)

2.903

Попладнево, Канатларци и околината ги зафати големо невреме од силен град и дожд. Според жителите на ова населено место станува збор за катастрофални последици во земјоделското производство, а најмногу најстрадаа градинарските култури, тутунот, како и житните култури кои беа во фаза на созревање пред жетва.
Поројниот дожд предизвика и излевање на каналската мрежа и поплави на земјоделското земјиште, што направи дополнителни штети.
Проследете ги видеата од денешното катастрофално невреме:

 

 

Тутунското производство е во целост уништено, бидејќи од тутунот останале само страковите што може да се види од фотографиите споделени на социјалните мрежи, а вие уверете се сами.
ГАЛЕРИЈА:


Vivafarm