ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

In memoriam: Почина Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика

943

Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика, денеска е пронајдена почината во својот дом, при што била повикана брза помош и полиција.

Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова.

Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други.

Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.

Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).

Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: