ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Лајонси организираат конвенција и хуманитарна забава

330

Македонската организација на лајонси (Лајонс Дистрикт 132, Македонија) секоја година реализира годишна Конвенција, на која се сумираат резултатите од изминатата година. Воедно, се избираат нови лидери и се прославува успехот, кога Гувернерот доделува благодарници и признанија на оние кои најмногу се вложиле во хуманитарната работа. Оваа година на гордост на сите прилепчани, Гувернер на Дистрикт 132, е др.Весна Пацаноска, член на Лајонс Клуб Прилеп. По тој повод таа реши Конвенцијата да биде во нејзинииот град на 11.06.2022 година.

„Истиот ден, вечерта во хотел Кристал Палас, во присуство на истакнати лајонси од странство и од нашата држава, други гости, ќе го прославиме лајонизмот и хуманата работа. Лајонсите служат, но и се дружат. Ќе се одржи хуманитарна забавна вечер, а дел од средствата од картите, ќе бидат наменети за Специјалниот завод во Демир Капија. Ги покануваме сите добри и хумани луѓе, да ни се приклучат, заедно да прославиме и да донираме“, посочуваат лајонсите во повикот до своите членови и сите хумани луѓе.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: