ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новата учебна година почнува утре – со помал број ученици и со оптоварување на семејниот буџет

176

Новата учебна година почнува утре, (1 ви септември) и за прв пат ќе трае до 17 јуни, а, и основците, и средношколците годинава ќе имаат и пролетен распуст, кој ќе трае од 29 април до петти мај.

Новата учебна година во Прилеп ќе започне и со околу 100 ученици помалку, запишани првачиња во сите 10 основни училишта во Прилеп, додека во последните шест месеци од минатата учебна година, родителите отпишале дури 300 ученици поради заминување од државата.

Советот на Општина Прилеп,  веќе даде дозвола за формирање на паралелки со помал број ученици од законски предвидениот – минимум 20 ученици, во Прва година во средните прилепски училишта, а како причина  е истакнато дека намалениот наталитет и иселувањето е најголема за драматичното намалениот број на ученици и потребата од паралелки со помал број.

Податоците,пак, на Државниот завод за статистика покажуваат значителен пад на живородени деца во Македонија. Во периодот од 2009 до 2019 бројот се намалил за речиси 4.000.  Спротивно на тоа, од Државниот завод за статистика за миграциите во земјава, бројки покажуваат дека во 2009 година вкупно 3.510 деца од земјава се родиле во странство,  додека во 2019 година таа бројка е 5. 187.

Воедно, новата учебна година носи и нови оптоварување на семејниот буџет. Секој старт на учебната година, родителиет велат, носи и дополнителни трошоци. Најмногу се жалат од цените на ранците и приборот, но, како што велат, веќе во првата недела ќе добијат и низа други трошоци околу опрема за физичко, храна, осигурување… Во порсек за опремување на еден ученик потребни се 3000 – 4000 денари,  а минималната плата изнесува 20.175, додека синдикалната кошница во јуни 2023 година е 48.543 денари. Во сето ова, општина Прилеп одлучи на првачињата во текот на годината да им обезбеди оброк , со образложение „финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште„ ,беше нагласено во нивното соопштентение.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: