ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Патната инфраструктура основен предуслов за развој на туризмот

525
Општина Новаци работи на подобрување на патната инфраструктура со цел развој на туризмот во Пелагонискиот регион.
Се вршии асфалтирање на улица во најпознатото мариовско село, Зовиќ, во кое се наоѓа една од најголемите туристички атракции во регионот – камениот или како што е познат филмскиот мост, и ќе биде извршено асфалтирање на патна делница која води од с. Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен). Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред се, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно го посетуваат Мариово и селото Зовиќ.
Двете инвестиции чинат околу 6 милиони денари обезбедени  од Министерството за локална самоуправа.
Изградбата на оваа инфраструктура  ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3% од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи годишно.
Инфраструктураната инвестиција е  финансиски поддржана од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година на Министерството за локална самоуправа. Проектот го реализира Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: