ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пендаровски: Пописот беше со сите нишани!

365

Претседателот на државата Стево Пендаровски во Прилеп по обраќањето на конференција на тема „Дигитализација”, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, одговараше на новинарски прашања за актуелни теми. Во врска со пописот и објавените резултати тој рече:

„Самиот факт што имаме попис после 20 години е успех сам по себе. Ако паметите и претходните пописи и 2002 година и тие претходно секој пат наидуваат на контраверзи, особено кај нас особено на балканскиот регион каде што сме измешани и во религиозна и во етничка смисла. Според мене, од она што го чув, не само на вчерашната презентација на резултатите, туку и од комантарите кои ги даде експертот ангажиран од страна на Европската Унија, мислам дека направивме Попис со сите нишани кои не отстапуваат од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, “ посочи Пендаровски напоменувајќи дека  не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот од разни причини, како што беше бојкотот кај нас или пак една од причините беше пандемијата.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: