ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска пиварница – квалитет кој се граничи со перфекција

782

Прилепска пиварница е основана 1924 година – она што е денес, е доказ дека успехот не е случаен, туку претставува континуитет кој се темели на постојано инвестирање во квалитетот.
Успешната компанија ја карактеризира непрестано вложување во развојот. Но, интересно е дека Прилепска пиварница продолжува темпото на инвестиции да го одржи со вложување од сопствени извори, преку насочување на добивката, наместо во девиденда – во модернизација.

Нема кредитни задолжувања, посочи Сашко Самарџиоски генерален директор на Прилепска пиварница при денешната посета на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски на компанијата.
„Оваа посета ја искористивме да размениме мислења за некои стратешки одлуки кои Пиварницата треба да ги преземе во иднина. Тука локалната самоуправа ќе биде важен чинител, затоа што без нејзина помош и помош на градоначалникот, тешко дека можеме сами да опстоиме во своите намери за понатамошни инвестиции. Јас се надевам дека соработката која и така е на високо ниво, ќе продолжи и понатаму со цел да ги заокружиме процесите кои ги имаме во предвид за наредните години“, истакна Самарџиоски.

Новата производствена линија на проба

Модернизацијата на производниот процес годинава се состои во инвестиција за најсофистицираната “state of the art” автоматизирана опрема за полнење на пластичната амбалажа со пиво и безалкохолни пијалаци, која овозможува автоматски, беспрекорна стерилна чистота и безбедност на производот и вработените. Новата линија вредна 6 милиони евра е пуштена непосредно пред велигденските празници во пробнa работа. Мултифункционалните машини обезбедуваат производство на разни варијанти на пакувања во согласност со потребите на пазарот, а машините за контрола и инспекција целосно ја гарантираат исправноста на секој поединечен производ.

Прилепска пиварница не е само заштитен знак на Прилеп, туку и на Македонија, бренд кој дава за право да се гордееме сите на оваа компанија што токму е од нашиот град, потенцираше градоначалникот Јованоски.
„ Ова што денес го видов во компанијата, ми дава за право да бидам горд како граѓанин, а уште повеќе како градоначалник на Општина Прилеп. Посебно горди треба да бидат менаџерскиот тим и вработените, бидејќи направиле компанија за респект и за почит. Карактеристиките на оваа компанија се квалитетот, стандардите и високата технологија на производство. Ние како локална самоуправа ќе ги поддржиме сите проекти на оваа компанија и ќе направиме се’, таа да биде уште поуспешна од досега“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Златна плакета за Прилепска пиварница од Пепсико

Прилепска Пиварница минатиот месец се закити со највисокото, златно признание од годишната награда PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence. Caleb Bradham наградата се однесува на квалитетот на PepsiCo производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалaците. Златното ниво на наградата е доделено само на 18 компании во целиот свет, од вкупно неколку илјади, а Прилепска Пиварница е една од нив. Во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании од целиот свет и постојат три нивоа на награди – злато, сребро и бронза. Перформансите на компаниите полнители се проценуваат според дефинираните критериуми и се доделуваат признанија и награди соодветно на исполнетоста на бараните резултати.

Модернизацијата на производниот процес, високото признание но и придонесот на Прилепска Пиварница кон заедница беа повод за денешната посета на градоначалникот Јованоски на „Прилепска Пиварница“, со цел зајакнување на соработката на релација Општина Прилеп-бизнис сектор, и целосна поддршка на Општината на сите развојни проекти и инвестиции што индиректно значат развој на прилепското стопанство и отворање нови работни места.
Прилепска пиварница е насочена кон домашниот пазар каде покрива околу 45 отсто од маркетот на пиво во Македонија. Како што посочи првиот човек на Прилепска пиварница Сашко Самарџиоски тие се задоволни од остварениот пласман минатата година со 30 милиони евра нето обрт, за временски период кој беше особено турбулентен на политичко – економски план. „Семејството“ на Прилепска пиварница се зголемува и подмладува, иако како што велат од менаџерскиот тим особено е тешко да се обезбедат техничко – технолошки стручни кадри, за што е потребна државна стратегија за надминување на проблемот. Моментно, во компанијата се директно работно ангажирани 240 лица, плус околу 400 кои индиректно работат во дистрибутивната мрежа низ земјава и надвор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: