ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕПСКИОТ ШИРДЕН ГИ ВООДУШЕВИ ТОРИНО И СВЕТОТ

1.556

Од 22 до 26 септември во Торино, Италија се одржа четиринаесеттото  издание на манифестацијата за земјоделство и храна „Тера мадре салоне  дел густо“ организирана од Слоу Фуд. На оваа биенална манифестација годинава се претставија 700 изложувачи од 130 земји  и 3000 делегати.

Македонија ја претставија педесетина делегати на македонскиот павиљон распространет на 100 квадратни метри, а преполн со ексклузивни македонски рецепти и производи. Додека шефовите на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија,  ги подготвуваа највкусните македонски деликатеси, другите наши членови ги анимираа гостите и ги послужуваа со вкусните македонски јадења.

Во петте  програмски денови, Македонија се претстави со тавче гравче, прилепски ширден, валандовски чурек, слатко од диви смокви, макало со лук, специјалитети со артичока, слатко од домати, охидски комат, буковска пипер, мед од Дихово, овчеполско јагне, гостиварски сувоменсати производи, шарпланински овчки кашкавал, сирење, природна козметика, пчелни производи, ајвар, македонско вино, домашно пиво, кремови од лешник, масло од лешник…

Уште еднаш се докажа дека македонската храна е ексклузива за светот и дека секој сака да вкуси што повеќе македонски производи.

Членовите на делегацијата кои доаѓаат од Слоу Фуд Прилеп  достојно го претставија нашиот град претставувајќи ја програмата од проектот „Училишни градини“ кој го модерираше Мерита Кули како и претставувајќи го прилепскиот  ширден пред публиката. Тодорка Нуамоска Димески, нутриционист и лидер на Слоу Фуд Прилеп, истакна дека ширденот е посебен гастрономски симбол на нашиот град и доби свое претставување, а наиде на коментари на вовоодушевување од неговиот вкус.

Ширденот претставува дел од желудникот на младо јагне. Тој дел убаво треба да се исчисти и да се наполни со три видови месо и тоа јагнешко, телешко и свинско исецкани на ситни парченца. Потоа се додава ориз и зачини и треба да се пече околу два часа. Потоа се чека да се излади, добива форма на салама, се сече на подебели парчиња и се сервира. Прилепскиот ширден во Торино, го зготви шеф Димитар Арнаудоски од Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија-рече Тодорка Наумоска Димески.

Покрај многубројните производи од цела Македонија, Слоу Фуд Прилеп претстави дел од производите на своите членови како Пчеларство Гвероски, Бавчика, винарија Сарика, домашна природна козметика Мона,  природна козметика Стевија и Здравје од пчела.

Прилепскиот тим го сочинуваа Тодорка Наумоска Димески, Даме Димески, Гоце Бубмароски и Филип Димкоски.

Нашиот член Филип Димкоски беше и официјален дописник од Тера мадре салоне дел густо за дневниот весник Нова Македонија, а имаше и онлајн учество во мултимедијалната програма „Радио што се гледа“ на Радио Пела, за да ги пренесе случувањата од Торино.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: