ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилeпските фризери повторно активни – организираат фризерски фестивал!

623

На 28 мај ќе се оджи  Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022 , единствен фестивал за промоција на фризерскиот занает,  кој се организира во Македонија.  Организатор на фестивалот е Здружението за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп.

Директор на фестивалот ,  Крешимир Здравески – Крешо  истакна дека оваа година  фестивалот,  кој  по содржина е единствен во Македонија  посветен нa фризерско -козметичкиот занает,  е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, „но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво„. рече тој.

Фестивалот има ревијален  и едукативен карактер,  а со оглед на тоа што доаѓаат и преставници од други држави има нота и на меѓународен фестивал.

Фестивалот е замислен со сценски настапи на фризерите и  штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од Македонија така и од Италија, Србија. Учество ќе земат над 60 лица кои ќе продефилираат на сценкот настап со свои креации.

„Сценскиото шоу е настап на еминентни фризерски имиња од Македонија и специјални гости кои ни доаѓаат, два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството, забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка . Фестивалот ќе започне од 11ч. со дел посветен на нашите најмили ,насловен како „Фризерско детско шоу „  настан на кој ќе има многу забава, изненадувања и едукации,  а од 13ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија, кој ќе се престават на сцената на ЦК Марко Цепенков„, рече  Здравески

Беше посоечно дека фестивалот ќе има и хуманитарен карактер. Дел од собраните средтва за влезници ќе бидат наменети за изградба на трибин на фудбалскиот стадион на вештачка трева во Прилеп

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: