ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Евровизиско заразен ритам на “СУПЕРМЕН” од Виктор Апостоловски (ВИДЕO+ФОТО)

Апостоловски : Супермен е парадигма на моето секојдневно битисување!

518

Модерна со брз ритам а во исто време певлива и динамична како и вокалот ,Виктор Апостоловски кој е во конкуренција да го исполни сонот , да стапне на грандиозната евровизиска сцена во Торино.”СУПЕРМЕН” на битолчанецот Вик, те прави да играш , да потпевнеш но и да осетиш многу позитивна енергија.Виктор ни гостуваше во нашата програма и ни покажа дека не е случајно неговата кандидатура за евровизиски преставник на Македонија. Музиката и аранжанот за оваа несекојдневно атрактивна  песна ги напиша Владимир Дојчиновски – Дојчин, а текстот е заедничко дело на пејачот и авторот.

Битолчанецот Виктор Апостоловски ни откри многу пикантерии за неговата “суперменска”  а во исто време ни го претстави и целиот свој темперамент во поитивна смисла, сето тоа заедно во комбинација со ковер со гитара како и со одлична изведба на познати хитови , директно во радиото што се гледа.

Гласањето сеуште трае , за тоа кој ќе биде новиот евровизиски преставник од нашава земја, а вие едноставно погледнете го разговорот во целост и секако , уживајте во позитивната енергија која и тоа како може да се пренесе и “online”.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: