ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Света Архијерејска Литургија на денот на „Св.Трите Светители“, ден на прилепските бакали

718

Во најстарот храм „Св.Благовештение„ по повод празникот „Св.Три Светители„ , патрон празник на прилепските бакали , кои го слават веќе 70 децении, се одржа Света Архијерејска Литургија со која чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ  – Охридска архиепископија Г. Г. Стефан, Митрополитот Повардарски г.Агатангел, Владиката Климент, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј .

„Денеска на почетокот на оваа недела ,кога се подготвуваме за велигденскиот пост, оваа година се падна да се празнува и празникот на тројцата светител: Свети Јован Златоуст,  Свети Валисиј Велики и Свети Григориј Богослов.Овие тројца заслужни мажи се големи светител на сите христијани со распостранет култ. Во календарот на црквата секој од нив има посебе празник и оттаму некој се прашуваат зошто овој празник им се посветува на сите тројца  Имено, меѓу христијните на Исток  се појавила поделбата кој светител е позначаен, кому повеќе му се поклонуваат дали на Свети Јован Златоуст, на Свети Валисиј Велики или на Свет Григориј Богослов, а тие троцата биле еднакви и не сакале поделби. Затоа овој празникот ги слави и тројцата за да нема поделби меѓу верниците“.- истaкна, во дел од својот проповед, Поглаварот на МПЦ  Г. Г. Стефан.

Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар им го честита празникот на Бакалите и им се заблагодари на нивното почитување на верата и традицијата која останала со години да го слават денот на Св Три Светители како нивна слава.Светите ти светители се столбат на нашата црква рече тој и додаде

Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики напишале литурги кои ние ги употребуваме за време на богослужбите. Свети Григориј Богослов пак се истакнал со неговото знаење. Причината за овој празник е бидејќи се појавииле поделбии кај луѓето кој од овие светители е поголем, а тие тројцата биле еднакви. Па тоа и во денешно време важи и за нас, да не се натпреваруваме кој да биде прв, барем, не во предавањето на нашите цености, на нашите посебности, како што е едентитетот, јазикот, знамето, уставот итн… туку во тој дух да го одбраниме сите наши посебности како посебен народ, народ македонски, македонски јазик, да не го менуваме уставот и во тој дух е нашата порака сите да застанеме цврсто во одбрана на нашата татковина и црква, во одбрана на нашето постоење и во унитарноста на  нашата држава, да ја одбраниме татковината, а не да ја продаваме“, истакна Г. Петар Митрололит, Преспанско – Пелагониски.

Бакалите ја пренесуваат трговската традиција во Прилеп долга со векови. Посебно празникот се прославува од 1954 година до денес. Прво се славел на 26 ноември. Порано потешко, поскришно се славел Денот на Бакалите, велат тие, а денеска е весело,обединето и завршува со заеднички ручек. Во ова во Прилеп преставува најмасовна прослава на еден еснаф. Во педесеттите години од минатиот век имало 25 бакали, денеска Прилеп брои повеќе од 300 трговци.Ланскиот домаќин бакалот, Стојан Петкоски, истакна  дека се горди што  ја имаше честа да бидат дел од ова одбележување на големиот христијански празник и ги покани сите бакали  на заеднички ручек во с.Лениште во манастирот Св.Петка, на 25 феруари,да прослават ,да се дружат и да ги овековечат спомените.Петре Петрески е новиот домаќин кој изјави дека со огромна радост прифатил да биде домаќин за празникот на бакалите, оваа година и очекува благодет .

На почетокт на богослужбата и присустваваа градоначалникот на Прилеп,Илија Јованоски и Претседателот на Советот,Миле Талески кои со своето присуство им одадоа чест на бакалите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: