ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во ЈКП Комуналец Прилеп обвинувања за криминал на претходниот директор

619

Новото раководство на ЈКП Комуналец Прилеп денеска на средба со новинарите информираше за низа злоупотреби кои наводно претходниот директор на претпријатието ги извршил и предизвикал штета за околу половина милион евра. Обвиненијата денеска беа презентирани од в.д. директорот на претпријатието Ѕвонко Јованоски. Меѓу другото, како што рече Јованоски, во изборни години од јули 2011 до јуни 2012 година и во текот на целата 2016 неговиот претходник Златко Ристески не поднесувал тужби против домаќинствата кои што не ги плаќале сметките, а биле простувани долгови на одделни домаќинства. Наводно вкупната сума по оваа основа изнесувала над 10 милиони денари, за околу 6 800 „привилегирани“ коминтенти со што се создал кусок во касата на Комуналец за над 10 милиони денари. Освен тоа, Ристески, како што рече актуелниот вд директор Јованоски, не ги подмирувал надоместоците на вработените, за што тие го тужеле претпријатието.
– Од 350 вработени, 170 континуирано го тужеле претпријатието од 2012 година и до крајот на 2017 година е создаден долг од 47 милиони денари, од кои 21 милион се за камати, судски трошоци, адвокати, извршители, па поради наплата на извршните решенија сметката е блокирана за околу 800.000 денари, потенцираше Јованоски.
Но, од друга страна, претпријатието „произведувало“ неплатени обврски кон доверителите, за што сумата изнесувала околу 25 милиони денари.
– Ристески не ги плаќал ни обврските на Комуналец кон доверителите, со што создал долг од околу 25 милиони денари. Се работи за познатите фирми редовни соработници на Општината и јавните претпријатија: „Новоградба“ со 3,7 милиони, „Електро Точила“ со 3,1 и „Иман-компани“ со побарување од 2 милиона денари – информираше Јованоски.
Директорот Јованоски вели дека доаѓаат приливи од средства на име на основната комунална дејност за услуги кон граѓаните и дека вработените добиваат плата. Поради досегашните откриени финансиски дубиози доправа ќе се истражува состојбата во претпријатието, а и дека наскоро ќе се знае повеќе за набавката на линијата за секундарна селекција.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: