CSS Template

Знак на протест – #Сите сме сообраќај, да внимаваме !#

445
Avtokontrol1

Вечерва, неформалната група #ПрилепНаТочак# Критичната Маса ја посветија  на трагично загинатите прилeпчани, кои животите го загубија на прилепските улици оваа година
„Да не дозволиме ова да стане секојдневие, затоа да ги почитуваме законските прописи за дозволена максимална брзина.„-порачаа организаторите .

„Сите сме сообраќај да внимаваме !„ беше мотото со кое  велосипедистите од Прилеп возеа во знак на подигнување на свеста кај локалните власти и возачите на автомобили, да внимаваат на ранливите учесници во сообраќајот: велосипедисти, мајки со деца, на децата, инвалидизирани лица,старита лица…зашто сите се учесници во сообраќајот. Се бара повеќе пешачки зони и велосипедски патеки!

Во знак на протест по завршувањето на возењето низ градот групата велосипедисти  го запреа сообраќајот на Булевар „Гоце Делчев“ ,кај Реклами ,во траење од 5-10 минути.


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni