ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Честитки – 73 години постоење КУД „Мирче Ацев“ Прилеп (ВИДЕО)

634

Еден од симболите на прилепското културно опстојување, можеби една од најстарите институции од етно друштвата во Македонија, Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ денеска слави 73 години постоење. Тоа се многу концерти, турнери, учество на домашни и меѓународни манифестации. На фејсбук социјалната мрежа од друштвото потсетија на годишнината со честитки за успеси во иднина:

Почитувани пријатели, драги наши поранешни и сегашни членови …..
Денеска е голем ден за нашето друштво. Да не беше оваа пандемија и овај опасен вирус ние денеска ќе славевме голем ден. Денешниот ден ќе беше исполнет со радост и среќа, веселби и концерт.На овој ден пред точно 73 години е формирано Културно Уметничкото Друштво Мирче Ацев од Прилеп. Нека е среќен и долговечен овој ден и уште векови да се слави со многу членови, концерти, турнеи, награди и признанија. А вие драги мои,останете дома и бидете послушни за побрзо да ја пребродиме оваа пандемија и повторно се вратиме на редовните проби и дружења.

Во услови на пандемија од Ковид 19, кога се забраните сите јавни настапи и собири, останува да се потсетиме на дел од нивната програма изминативе години и да им посакаме успеси, многу дружби и со радост да ја претставуваат татковината и Прилеп во иднина:


Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: