CSS Template

Денеска на Велики Петок Прилепчани масовно ги посетуваат црковните храмови

102
Avtokontrol1

Поминувајќи мирно, покрај“„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) украсен со цвеќиња , пред кое верниците се поклонуваат,  како и пред престолот каде е ставено платно со кое симболично било завиено мртвото тело на Христос по неговото симнување од крстот,   бакнувајќи го Исус во раните на нозете и раните и оствајќи цвеќиња и вапцани јајаца,  Прилепчани денска масовно ги посетуваат црквовните храмови и му се поклонуваат на Спасителот

Велики петок се вика и Распет Петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос.  Поради тоа што овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ ,тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол, сочувствувајќи со распнатиот Исус.

Утре, саботата пред празникот Велигден, наречена Велја сабота,верниците ќе ги правата последните подготовки за Христовото Воскресени!

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Фотографиите ,преземени од facebook страната на храмот „Св Благовештени“,од синоќешната богослужба

Vivafarm
Farma Dolneni